Тројца кандидати во моментов влегуваат во игра како најсериозни наследници на Александар Вучиќ на чело на владеачката Српска напредна партија (СНС) – актуелната премиерка Ана Брнабиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на партијата Милош Вучевиќ, пишува денеска „Новости“.
На поширокиот список за нов шеф на СНС, како што се шпекулира во политичките кругови, засега се и Никола Селаковиќ, Марко Ѓуриќ и Јоргованка Табаковиќ, наведува весникот.
Не е исклучено во „фото-финишот“ за избор на ново раководство на СНС во трката да влезе уште некој од актуелните потпретседатели на партијата, како Миленка Јованова, пишува „Новости“.
Вучиќ и вчера повтори дека следната година некој друг ќе ја преземе СНС, бидејќи не планира да се кандидира на Изборото собрание на партијата, што треба да се оддржи во декември.