825
Новороденче од Велика Британија е заразено од корона вирусот, пишува британски Сан.
Медиумот објавува дека мајката на бебето неколку дена пред да се породи била хоспитализирана во болницата Норд Мидлсекс во Лондон поради сомнеж на лекарите дека има воспаление на белите дробови. Подоцна било утврдено дека се работи за коронавирус.
Дека мајката е позитивна на коронавирус се дознало дури откако се породила, а веднаш било тестирано и бебето. Лекарите утврдуваат дали тоа се заразило уште во нејзината матка или во текот на породовањето.
Од болницата за Сан изјавиле дека актуелната здравствена состојба не навестува компликации ниту кај мајката ниту кај бебето.