Новороденчето Мартин Атанасов од Општина Зрновци, кое е првородено дете во 2023 година во општината, ќе добие плац од 500 метри квадратни за изградба на дом, но и низа на други бенефиции.
Градоначалникот Борчо Коцев информира дека покрај градежната парцела од 500 метри квадратни, на Мартин му следува и пет-годишен престој во детската градинка во Зрновци, ваучер од 50.000 денари за купување на бебешки производи, како и парична стипендија на неговите братчиња, кои биле ученици во основно училиште.
Мартин е петто дете во семејството Атанасови во Зрновци.
Градоначалникот Коцев порача дека неговата мајка Тања е вистински пример за жена, мајка и сопруга во денешното општество.
-Локалната самоуправа на општина Зрновци ќе продолжи со максимална подршка и грижа за повекедетните семејста со цел за создавање поволни услови за зголемување на наталитетот.
Искрено се надевам дека и останатите Локални самоуправи ќе го следат овој позитивен пример за доброто на Македонија – истакна градоначалникот.
Вики Клинчарова