Новогодишна музичка претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

by Fokus

Новогодишната едукативна и забавна музичка претстава „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“, од „Чудесна продукција“, ќе ја збогати предновогодишната понуда на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Инспиративната претстава, која ги води децата низ магична авантура, ќе се одржи на 27 декември (петок) во 18:30 часот.

Приказната ги следи трите смешни самовили Муза, Нота и Песна, кои го бараат Дедо Мраз за да почнат да ги пакуваат подароците што треба да ги поделат на дечињата од целиот свет. Дедо Мраз е постојано блиску до нив, но тие не го гледаат. Муза има волшебно стапче со кое постојано ги задева Нота и Песна. Музичко-сценската претстава е збогатена со музика и новогодишни песни, кои ќе ги изведуваат професионални музичари на сцената на лимени дувачки инструменти, а кои во претставата ги играат Џуџињата.

Настапуваат: Тина Иванова (Нота), Симона Гајдоска (Муза), Дијана Илкоска-Имери (Песна), Александар Ниниќ (Дедо Мраз на туба), Бранко Илиевски (Прво џуџе на тромбон), Никола Ристевски (Второ џуџе на тромбон) и Ник Декарло (Прво џуџе на туба). Претставата е наменета за деца од 4 до 10 години.

Влезниците се достапни на www.literatura.mk.

ПР

Поврзани новости