Хотелот со пет ѕвезди „Баија“ во Марбеља, Шпанија, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, го украси своето лоби со елка од скоро 14 милиони евра.
Вредноста на, можеби, најскапата елка оваа година, е во украсите кои содржат дијамантски прав, 24-каратно злато, како и јајца од ноеви и емуа. Има и доста необични слатки како додатоци… Посебно направени 3Д-печатени чоколадни пауни.
https://www.rt.com/business/475912-most-expensive-christmas-tree/
Елката е дело на дизајнерката Деби Вингам, позната по нејзините оригинални потфати. Таа претходно направи и чевли со потпетици коишто чинеа 14 милиони евра, како и свадбена торта од 70 милиони евра.
Оваа елка, што е нејзин засега последен потфат, исто така, вреди околу 14 милиони евра, соопшти управата на хотелот.