Новогодишен дочек со популарни музички имиња на плоштад во Охрид

by fokus

Голем број на музичари од земјава ќе ги забавуваат присутните за време на дочекот на Новата година на градскиот плоштад во Охрид.

Листата со настапувачи веќе е објавена, а организирана забава ќе има и наредните денови, односно на први и втори јануари.
За новогодишниот дочек на сцената ќе се појават Верица Ристеска, Ѓоко Танески, Татијана Стефановска, Камелеон, Урбан Планет, Бекдор бенд, Ле-трик, Јана Слеј и други.

На први јануари во тек на ден ќе настапуваат локални музичари, а пак на втори јануари ќе настапи Ансамбл Билјана.

Минатиот месец охридскиот градоначалник Кирил Пецаков за ,,Фокус” откри дека за забавната програма и празничното украсување на градот ќе бидат одвоени околу 20.000 евра од буџетот. Тој појасни дека се очекуваат голем број на посетители од земјава, но и од странство.

Вики Клинчарова

Поврзани новости