Во срцето на Скопје, во Градскиот трговски центар ќе се одржи традиционален настан на кој ќе може да се запознаете со нашите вредни ракотворци и артизани и со нивните изработки! Овој новогодишен базар ќе се одржува на приземјето во ГТЦ од 22 до 29 декември. Ќе може да се израдувате себеси и најблиските со уникатни подароци, изработени со многу љубов и внимание. Настанот е во организација на Занаетчиската комора од Скопје.
На базарот ќе бидат изложени креативни производи со уметнички дизајн, меѓу кои плетени играчки, уметнички слики, уникатен накит од сребро, епоксидна смола, кристали, филигран, полудраги камења, персонализирани подароци, шољи и планери со интересни пораки, рачно насликани стаклени поризводи.
Ова се дел од креативците кои ќе ги исполнат штандовите со предновогодишна магија и ќе предизвикаат насмевка и позитивни вибрации кај секого!
Fantast – Современо фигуративно сликарство
Allegra – Уникатни персонализирани подароци
Atelje Siena – Накит насликан на дрво и залеан со епоксидна смола
Art Studio S – Накит изработен од различни материјали и техники
Farina’s handmade – Уникатен избор на аксесоари
Мими Атанасовска – Изработка на плетени играчки
Студио Кристина – Изработка на производи со полудраги камења/кристали и накит
Luma – Рачна изработка на цртано стакло
Добро ми стои – Изработка на филигрански накит во комбинација со други материјали
Шарена приказна – Изработка на слики во 3Д формат со парчиња дрво
My precious – Изработка на уникатен филигрански накит
Датум: 22-29 декември
Локација: Градски трговски центар – Скопје