490
По издавањето на еврообврзницата, владата денеска одново се задолжи, овојпат кај домашните кредитори.
Министерството за финансии од комерцијалните банки позајми 9,2 милиони евра.
Веќе утре според календарот на Министерството, владата во стопанството треба да врати 18,3 милиони евра.
Инаку, вкупниот јавен долг заклучно со крајот на 2015 година, изнесува 4,2 милијарди евра или 46,5 отсто од БДП.