Ново срце доби 54-годишен пациент, во тек е трансплантација на бубрези од истиот донор

by Fokus

Пациент на 54-годишна возраст доби срце од починат донор, по трансплантацијата која траела повеќе од шест часа.

Од Министерството за здравство информираат дека два бубрега од истиот донор во моментов се трансплантираат на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години биле на дијализа.

Во моментов на Клиниката за Урологија на трансплантациите на бубрезите работат лекарски тимови под раководство на др Сашо Дохчев, др Александар Трифуновски, др Ставридис и др Јанчулев со тим лекари од клиниката.

Поврзани новости