Ново рочиште за случајот „Ласкарци“

by fokus

Денеска во Кривичниот суд ќе продолжи судењето за случајот „Ласкарци“. Одбраната ќе има можност да му поставува прашања на повиканиот вештак.

Обвинителот кој го застапува обвинението за овој предмет Дарко Јакимовски, за МИА објаснува дека ако се успее да се заврши сослушувањето на вештакот, обвинителството ќе продолжи со презентација на материјални докази.

Судењето за овој предмет го води судечкиот совет на чело со судијката Диана Груевска – Илиевска.

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи лани на 13 февруари животот го загубија 16 лица, а 37 беа повредени.

Поврзани новости