Ново рочиште за “Рекет”, ќе се презентираат последните докази

by fokus

Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот “Рекет” во кој обвинети се екс шефицата на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски.

За денешното рочиште е предвидено да се изведат дополнителни докази на обвинителството и одбраната.

Јанева инсистира да се презентираат вештачењата од нејзините два лаптопа и мобилен, кои и беа одземени по наредба на обвинителството, а како што дознава “Фокус”, во нив не е најден ниту еден доказ поврзан со обвинението за “Рекет”.

Во случајот на три години затвор беше осуден Зоран Милевски Кичеец, по признание на вина.

В.В.

Поврзани новости