Ново рочиште за „Монструм“, случајот е во фаза на доказна постапка

by Fokus

Судскиот предмет за петкратното убиство во Смилковско Езеро во април 2012, познат како „Монструм” денеска продолжува во Кривичниот суд Скопје. Ова е прво рочиште по завршување на судската ферија.

Постапката на овој случај е во фаза на доказна постапка. Сведоците на обвинителството скоро се при крај, односно на една од следните рочишта би требало свој исказ да даваат сведоците предложени од одбраната.

Повторувањето на судењето за „Монструм” како сведоци пред Кривичниот суд Скопје ги доведе поранешните високи функционери во МВР, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков. Исто така, свој исказ дадоа и политичките функцинонери Зоран Заев и Али Ахмети.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Поврзани новости