435
Денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ во кои обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица.
Според обвинението, тие злоупотребиле околу 17 милиони евра од буџетот на државата, односно со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ.