Ново одложување на судењето против Зеќири

by Фокус

Поради отсуство на сведокот Горан Анастасиевиќ од здравствени причини, денеска во Основниот кривичен суд се одложи судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Минатиот месец Зеќири се појави во судницата после три месеци отсуство, а судењето беше вратено на почеток.

Расправите за случајот беа долго во прекин откако одбраната на Зеќири oбезбеди препорака на психијатар, кој проценил дека на Зеќири му е влошена психичката состојба.

Tој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“, а следното судење е закажано за 6 јуни.

Поврзани новости