Ново обвинение против Димитриевски:„Притисоците не престануваат, овие постапки само ме мотивираат“

by Fokus

Кандидатот за претседател и градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски добил ново обвинение од судот во Куманово. Како што објави, добил покана да се јави во Обвинителството бидејќи е обвинет за кривично дело „Неизвршување на судска одлука“, а засега не е познато кој е подносител на кривичната пријава.

„Притисоците не престануваат туку како и што очекував се интензивираат. Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем. Ќе има и правда а ќе има и мир а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем“ напиша Димитревски на Фејсбук.

Поврзани новости