515
Најголемиот дел од новозаболените со ковид-19 во земјава се заразиле на погреб во Тетово и на семеен настан во Скопје, рече министерот за здравство Венко Филипче.
-Има тренд на намалување, но има и варијации во изминатите денови. Она што на некој начин е добро што најголемиот број новодијагностицирани пациенти со ковид-19 се во врска со точно утврдени настани. Еден погреб во Тетово и еден семеен настан во околината на Скопје, рече Филипче.
Денеска се регистрирани 10 ново заболени, а вчера имаше 22 случаи.