148
Новоизбраните осум судии во Апелацискиот суд Скопје дадоа свечени изјави пред Судскиот совет.
Се работи за четворица судии од кривичната област – Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани и четворица од граѓанската област – Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани.
Изборот беше проследен со низа реакции од експертската јавност. Реагираше и судијката Оља Ристова од Кривичниот суд Скопје која беше една од кандидатите за судии од кривичната област во скопска Апелација. Таа беше треторангирана на конечната ранг-листа за избор на апелациски судии од кривичната област, но не го доби потребното мнозинство од членовите на Судскиот совет и не беше избрана за судија во Апелација.