Имаме два целосно нови закони суштински важни за образовниот систем, сега е Собранието на потег, изјави министерот за образование Арбер Адеми.
Како што објасни тој, Законот за основно образование воведува новини во однос на организирањето на учениците во Заедница на паралелка и Ученички парламент, исхраната на учениците, воведувањето стручни наставници за предметот спорт, елиминација на политичко влијание во училишните одбори, намалување на бројот на ученици во паралелки (од 20 до 30)…
Меѓу најзначајните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование, така што законот во овој поглед предвидува нивно целосно вклучување од учебната 2022-2023 година, кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици и тие установи ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри.
Во однос на новините за наставниците, тие ќе се мотивираат со кариерен развој, со тоа што, рече Адеми, не се ориентирани кон казнување, туку кон мотивирање на наставниците.