958
Членовите на новата Влада денеска беа на прием кај претседателот Стево Пендаровски.
-На премиерот Зоран Заев и членовите на Влада на Република Северна Македонија им посакувам успех и да ја оправдаат довербата дадена од граѓаните. Успешно да работат на клучните прашања за државата – европската интеграција, борба со корупцијата, зајакнување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, рече претседателот Пендаровски.