Новиот уред на Епл за виртуелна реалност личи на очила за скијање

by Fokus

Компанијата Eпл го објави долгоочекуваниот уред за мешана реалност „Apple Vision Pro“. Епл последен пат лансираше физички уред пред десет години.

Тим Кук, извршен директор на компанијата, вели дека новиот модел на очила „беспрекорно ги спојува реалниот и виртуелниот свет“.

Очилата со двочасовна батерија чинат околу 3.500 долари, а уредот ќе биде достапен на почетокот на следната година во САД. Тие чинат значително повеќе во споредба со постоечките модели за виртуелна реалност на пазарот.

Претставниците на компанијата не зборуваа многу за вештачката интелигенција, топ тема во Силиконската долина.

Вредноста на акциите на компанијата падна пред објавувањето на новиот уред на конференцијата во Apple Park, седиштето на компанијата во Купертино, Калифорнија.

Новиот модел се разликува од достапните модели на пазарот и повеќе наликува на очила за скијање отколку на очила за виртуелна реалност.

Новиот производ „ја зголемува реалноста“, велат од компанијата.

Зголемената реалност, позната и како мешана реалност, ги зголемува виртуелните објекти во светот околу нас, што ни овозможува да ја мешаме реалноста со виртуелното додека гледаме преку екранот.

Со помош на слушалки, корисниците можат да пристапат до апликации, да гледаат филмови или да пишуваат во овој виртуелен свет.

 

 

Поврзани новости