Новиот тренер на германскиот гигант Баерн Минхен – Белгиецот Винсент Компани (38) најави дека од своите играчи ќе бара апсолутна агресија и храброст.
Компани вчера беше именуван за нов тренер на Баерн, наследувајќи го Томас Тухел, кој замина по заедничка согласност, по само 14 месеци и сезона во која Баварците за првпат по 12 години останаа без трофеј.
Еден ден подоцна, Компани им рече на новинарите на презентацијата дека ќе бара апсолутна агресија и храброст од своите играчи.
„Сакам играчите на Баерн да бидат храбри на топката, да имаат личност. Сакам тимот да биде агресивен, да ги претставува тие две работи“, рече Компани на прес-конференцијата во четвртокот.
„Се надевам дека таа комбинација ќе ја носат секоја минута од натпреварот. Секогаш“, додаде белгискиот стручњак.
Компани ја започна својата тренерска кариера во Андерлехт, а во последните две сезони раководеше со Барнли.
Прво како шампион на Чемпионшип освои настап во Премиерлигата, потоа во елитната класа на англискиот фудбал Барнли го освои 19. место и повторно се врати во втората лига.
Белгиецот имаше договор со Барнли до 2028 година, па Баерн мораше да му плати обештетување на англискиот клуб.
Според проценките на англиските и германските медиуми, висината на обештетувањето е меѓу 10 и 12 милиони евра.
„Од моја страна, супстанциите се многу едноставни. Она што го тренираш е тоа кој си како личност. Да се биде тренер одзема секоја секунда од денот. Пораснав на улиците на Брисел, бев во академијата на Андерлехт каде од шест до 20 години треба да освоиш се“ – истакна тој.
Во својата кратка менаџерска кариера, Компани разви репутација како тренер кој спроведува слободен фудбал, базиран на посед.