Срспки патријарх Порфириј на првото негово подолго интервју за РТС во емисијата „Упитник“, коментирајќи ја изјавата на Митрополитот Петар, во која тој вели дека се надева оти новиот Српски Патријарх ќе има разбирање за МПЦ, Порфирј ги урна сите надежи. Вели “Јас нема да има ниту помалку, ниту повеќе разбирање за МПЦ од своите претходници.“, вели Патријарх Порфориј во интервјуто на РТС.
Дециден е дека нема да има нови работи, но може да има нов начин, но цементирајќи ја позицијата на својот претходник, но и на својот духовен ментор, Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ дека за СПЦ црковното прашање во Македонија е затворено со Нишкиот договор и дека кој сака има каде литургиски да учествува, на тој начин праќајќи ги македонските православни верници во црквата на Врнишковски.
-Секој од нас остава некој свој посебен печат. Во овој момент нашата црква, по нишкиот договор најде решение со кое за Охридски Архиепископ го избра и постави Архиепископот Јован. Така што сите православни верници имаат можност за учество во литургискиот живот, но таа тема останува отворена и верувам дека нашиот Собор секогаш ќе биде подготвен да се дојде до решение кое е во рамки на каноните, без какви било политички притисоци и влијание какви што ги има од почетокот на расколот, па и денеска, вели Патријархот Порфириј во интервјуто.
Кога ќе се анализираат ставовите на Порфириј поврзани со македонското црковно прашање и улогата на Вселенската патријаршија, за која тој тврди дека го поткопува единството на Православието и отворено и дава поддршка на Руската црква во случајот со Украина, лесно може да се заклучи дека СПЦ и со новиот Патријарх нема ниту желба за решение на проблемот, туку напротив нејзин интерес е што подолго да го држи отворено прашање, надевајќи се притоа дека времето работи во интерес на СПЦ.
Тезата „Кога ќе се појават проблеми ние мора да разговараме, и тоа да го препуштиме не на нашето време, туку на Божјото време за да се воспостави поредок“ е црковна политика на одолговлекување на проблемот со надеж дека по долги години сегашната политичка реалност може да биде променета, или како што духовниот ментор на Порфириј, Иринеј Буловиќ еднаш пред неколку години во Москва рече „Никој не гарантира дека Украина по сто години ќе биде држава“, алудирајќи на тоа дека црковните границите се вечни наспроти државните граници кои се менливи.
Сепак, кај новиот Српски Патријарх се препознава стравот дека Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ќе продолжи со процесот на решавање на црковното прашање во Македонија и затоа во ова интервју, тој ги дефинира неговите потези како „неканонски кои предизвикуваат потреси во Православието“.
На прашањето дали се плашите дека постапките на Вселенскиот патријарх ќе се повторат во Македонија, Порфириј вели:
-Не сум пророк, но некако искрено се надевам дека нема да се случат исти постапки како што видовме кога станува збор за Украина. Се надевам дека нема да дојде до тоа, затоа што тоа предизвика потреси во православието. И се надевам дека тоа ќе биде лекција која ќе ги отрезни сите. Секако кога ќе се појават проблеми ние мора да разговараме, и тоа да го препуштиме не на нашето време, туку на Божјото време за да се воспостави поредок. Ние сме автокефална црква и имаме свој поредок и секогаш сме на страната на каноните. Кога станува збор за случајот со Украина, ние сметатме дека постапката на Вселенската патријаршија не е во согласност на каноните и во тој случај како што велите сме на страната на Руската црква. Ние сме на страна на поредокот и на страна на каноните и тука Руската црква е обесправена, вели во интервјуото за РТС, Патријархот Порфириј.
Вселеската Патријаршија изминативе неколку месеци го стави прашањето за МПЦ-ОА на маса, но го чекаше изборот на новиот патријарх.
Погледнете го одговорот од 37,50 минута