Слободан Крстевски е човекот кој е сопственик на компанијата „Блу Скај Инвестментс“, а во интервју за „Фокус“ говореше за неговите планови со Вардар, со надеж за целосна стабилизација за повторно да се „дише“ во врат на балканските гиганти.
Тој најавува дека клубот напролет ќе дише послободно и сите долгови ќе бидат вратени во првите месеци од 2022 година. Крстевски додаде дека и во самиот договор со некогашниот сопственик Сергеј Самсоненко стои во рок од една година да се вратат сите долгови.
„Долгот на ФК Вардар изнесува нешто повеќе од 2.400.000 евра. Во изминатиот период, дел од долгот беше вратен за да се тргне блокадата за трансфери од ФИФА, да можеме да го зајакнеме тимот и да се бориме за експресно враќање во првата лига“, додава тој.
Крстевски е свесен дека го купил клубот за „смешна“ сума, но тој е убеден дека наскоро Вардар ќе биде профитабилен и финансиски стабилен репрезент на Македонија.
„Свесни сме за тешката финансиска состојба на македонските клубови. Кога би имале стабилна лига, сигурно и дека вредноста на македонските клубови би била поголема. Вардар е македонски бренд, кој заслужува да се искачи на врвот како еден од нашите најуспешни бизниси, тоа е впрочем и мојата цел, Вардар да го направам успешен бизнис“, ни порача новиот сопственик на клубот.
Разговараше: ЈОРДАНЧО ЦВЕТАНОСКИ
ФОТО – Кочо Сотировски
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК