627
Новиот сој омикрон откриен е во Холандија уште пред доаѓањето на летовите од Јужна Африка минатата недела, соопштија холандските власти.
Минатата недела 14 лица позитивни на омикрон стигнаа од Јоханесбург и Кејп таум на амстердамскиот аеродром на 26 ноември, објави Националниот институт за здравје.
-Но, сокот омикрон го најдовме во два позитивни примероци од 19 и 23 ноемвр. Не е разјаснето дали тие лица ја имаат посетено Јужна Африка, додаваат од Институтот.
Откривањето на новиот сој на корона вирус го загрижи светот и се стравува дека постоечките вакцини не се ефикасни против новиот сој, што може да ја продолжи пандемијата којашто трае веќе две години.