Новиот синдикален лидер Трендафилов порача: Ова ќе биде жешко лето!

by Фокус

Сојузот на синдикати на Македонија од денеска го предводи Слободан Трендафилов, кој беше избран за нов претседател на ССМ на денешниот Конгрес што се одржа во Скопје, како единствен кандидат за претседателското место на Сојузот.

Конгресот почна со едноминутно молчење во знак на почит кон претходниот претседател на Сојузот на синдикати, Дарко Димовски, кој почина во првата половина на јуни годинава.

Трендафилов на Топ Тема рече дека во текот на оваа недела имаат најавено протести во три институции, без да открие за кои инсититуции станува збор.

-Ова ќе биде жешко лето не само по однос на температурите, туку и по однос на синдикалните активности – предурпеди Трендафилов.

Тој посочи дека ССМ подготвува иницијатива за уставноста на Законот за работни односи со кој се воведе можноста за 72 часа работна недела.

Поврзани новости