Шефот на Хезболах, Наим Касем денеска изјави дека либанската вооружена група ќе продолжи да го спроведува својот воен план против Израел во неговото прво обраќање откако беше избран на функцијата на 29 октомври.
„Ќе продолжиме со нашиот воен план во дефинираната политичка рамка, ќе останеме на нашиот воен пат“, рече тој, додавајќи дека планира да ја следи агендата поставена од неговиот претходник Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски воздушен напад во главниот град на Либан.
Тој додаде дека Хезболах може да продолжи да се бори со денови, недели и месеци.
„Оставете ја нашата земја ако сакате да ги намалите загубите. Ако останете, ќе платите“, му рекол Касем на Израел.
Истовремено, израелската армија денеска изврши масовни воздушни напади врз историскиот град Балбек и околните села во источниот регион Бека во Либан, соопштија безбедносни извори, по наредбата на израелската армија за евакуација на градот и неговите предградија.
Засега нема информации за жртви. Илјадници луѓе го напуштија градот откако беше издадена наредбата за евакуација околу четири часа пред почетокот на нападот.