493
Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да распише референдум на кој граѓаните на Украина би се изјасниле за преговорите со Русија, изјави синоќа шефот на претседателскиот Кабинет, Андриј Богдан.
– Сметаме дека е неопходно да се одржи народен референдум за постигнување мировен договор со Русија, така што не само пратениците и не само претседателот, туку и народот на Украина треба да реши за ова прашање, изјави Богдан.