Новиот претседател на Тајван е човек кој не ѝ одговара на Кина, опозицијата го призна поразот

by Fokus

Нов претседател на Тајван e Лаи Чинг-те, познат и како Вилијам Лаи од владејачката ДПП.

Станува збор за поранешниот потпретседател на Тајван, кандидат кој не ѝ одговара на Кина. Тој доби 5 милиони гласови, а главниот противник од опозициската КПП заостанува еден милион гласови.

Преброени се над 90 отсто од избирачките места. КПП го призна поразот.

„Ви благодарам многу. Дадов се од себе. Многу сум тажен што не можев да ја постигнам промената на власта. Многу ми е жал“, рече Хоу Ју-их од КМТ.

„Се надевам дека сите страни ќе можат да се соочат со предизвиците на Тајван. Ни треба обединет Тајван. Имаме многу прашања и проблеми, ни треба влада што ќе ги решава и влада која исто така им служи на младите“, додаде тој.

Набргу откако КМТ го призна поразот, истото го стори и Ко Вен од ТПП.

Поврзани новости