Новиот претседател на Судскиот Совет Сашко Георгиевски побара да им се даде моѓност за работа од медиумите по реакциите наЗдружението на новинари за вчерашната одлука на Советот да се исклучат камерите, како и по реакциите на здруженијата за борба против корупцијата кои бараа сите членови на овој состав на Судскиот совет да си дадат оставка.
“Ве замолувам на професионалност, ве замолувам на коректност. Ни како Совет пружаме раката да бидеме коректни и транспарентни. Ги замолувам медиумите тоа да го средиме коректно и професионално. Каде сме за критика ќе се критикуваме, а каде имаме резултати ќе го споделиме со јавноста“, рече Георгиевски.
Тој додаде дека само три дена е на функцијата и дека ваков пристап не заслужува ниту како човек, ниту како судија. Георгиевски рече дека со средства од буџетот на Советот ќе се овозможи да склучат договор со Македонската информативна агенција за директно емитување од седниците на Советот, и вети дека ќе има редовни брифинзи со новинарите и навермено информирање за нивното работење.
За исклучувањето на камарите на вчерашната седница на Судскиот совет денес реагираше и Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги која смета дека таквото непрофесионално однесување фрла дамка не само на транспарентноста на судството туку го погазува правото на јавноста да биде информирана за работат на судските органи.
На седницата на Советот во тек е точка од дневниот ред за формирање Комисија за одговорност на судиите или претседателот на некој суд. Не се знае дали ќе има одговорност за судијата Енвер Беџети, за чувањето на досие во фиока со што доведе до застарување на предметот на Сашо Мијалков.