503
Ацо Колевски, новоизбраниот претседател на Советот на јавните обвинители, е потписник на барањето за заштита на законитоста кое јавното обвинителство го достави до Врховниот суд со барање за укинување на притворот за бизнисменот Сеад Кочан кој беше во бегство.
Тој денеска, откако седна на претседателката фотелја вели дека не се кае за потегот кој го направил.
„Сите случувања после тоа го оправдуваат тој потег. Доколку се употребуваше ова вонредно правно средство досега ќе се извршеше некаква контрола во работењето на СЈО, тие ќе немаа таква слобода да постапуваат без контрола и да дојдеме до оваа ситуација јавен обвинител, за жал, да се впушти во недозволени дејствија“, рече Колевски.