1.4K
Сестраниот научник, академик Љупчо Коцарев е избран за нов претседател на Македонската академија на науките и уметностите на изборното собрание на највисоката научна институција во земјава, кое се одржа вчера. Мандатот ќе му почне на 1 јануари, а ќе го замени актуелниот претседател Таки Фити.
Според податоците објавени на интернет-страницата на МАНУ, академик Коцарев од 1999 до 2016 година бил вработен на Универзитетот „Калифорнија“ во Сан Диего, САД. Остварил студиски престои и во Германија, Италија, Унгарија, Шпанија, Јапонија. Од 2006 година е избран за член на Друштвото на електроинженерите во САД.
Автор е на повеќе од 160 труда, голем дел од нов објавени во списанија со импакт-фактор. Неговите публикации се цитирани 6.384 според Web of Science, а според Google Scholar цитирани се 11.248 пати.
Академик Коцарев соработувал со истражувачи од САД, Русија, Кина, Јапонија, Германија, Италија, Шпанија и од многу други земји. Денес е раководител на многу проекти финансирани од Европската Унија, САД, Германија, НАТО и др. За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран во 2003 година, а за редовен член во 2007 година.