Еден од двајцата нови портпароли на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска на прашањето на „Фокус“ што ќе сменат во односот со новинарите, вели дека партијата ќе останела достапна во секое време, како што била и досега.
-Како и до сега, така и понатака партијата е отворена за соработка со сите медиуми и новинари и останува отворена за одговори на сите прашања кои се предмет на интерес на новинарите и јавноста. Достапноста останува отворена во секое време без разлика на формата на комуникација, изјави Арсовски.
Инаку, на синоќешниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука во Центарот за комуникации на партијата да се постават двајца нови портпароли, Димче Арсовски кој беше доскорeшен потпреседател на подмладокот на УМС, како и новинарот Наум Стоилковски кој работеше во телевизија Нова.
К.С.