Новиот поглавар на ИВЗ го „оживеа“ корона вирусот: Оваа болест е вистинска!

by fokus

Новиот поглавар на ИВЗ, Шаќир Ефенди Фетаху, денеска одржа прва прес-конференција на која рече дека корона вирусот постои и повика да се почитуваат мерките.

-Оваа болест е вистинска, сите компетентни органи и институции во светот потврдиле дека постои. Ние сме верски институции и не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или не. Институциите кои се професионални и стручни потврдиле дека постои, а во последно време короната се шири бргу во Македонија. Апелирам да бидеме сериозни, да се придржуваме кон сите мерки кои ги поставиле органите и да дадеме придонес за што побргу да излеземе од оваа состојба. Ние како ИВЗ влеговме во оваа борба со зборовите „страв не, но голема свест против оваа болест да“. Мораме да се бориме со сите сили да се надмине ова, рече Фетаху.

Неговит претходник Сулејман Реџепи пак го прогласи коронавирусот за мртов, а три дена подоцна беше разрешен.

Поврзани новости