По долго очекување на Новиот модел на Peugeot на 26ти септември, во еден од престижните локали во Скопје беше презентиран Новиот Peugeot 508.
Презентацијата на овој модел беше пред внимателно одбрана публика со цел да се задржи ексклузивитетот на неговото претставување со најава за официјално пристигнување на моделот кон крајот на декември месец 2018та година.
Настанот го отвори Ана Николоска, Менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс, која јасно посочи за ексклузивното претставување на овој модел во Скопје, пред неговото појавување на Интернационалниот саем во Париз и го нарече „креација на иднината создадена од страна на Automobiles Peugeot”.
Ивана Манчева Михајловска, Заменик извршен директор и Регионален маркетинг директор на Еуроимпекс, зборуваше за стратегијата на компанијата и развојот на брендот и посочи дека се многу блиску до „премиум“ друштвото и со задоволство истакна дека најновиот модел на брендот (Новиот Peugeot 508) уште еднаш го потврдува тој факт.
„Новиот 508, не е наследник на истоимениот модел. Тој е сосема ново возило е олицетворение на една нова визија и влез во целосно нова ера. Ера на технологија, на автономност, на моќ сплотена со елеганција и комфор. Креиран за ваше целосно задоволство.
Нашите успеси не сопираат тука!!! Продолжуваме понатаму!“ – изјави Томислав Нафидов, регионален директор на продажба во Еуроимпекс.
Новиот Peugeot 508 GT кој беше презентиран на настанот, со својата нова боја Ultimate Red, спортската елеганција, највисокото ниво на технологија и автономност, на моќ а воедно и уживање во возењето и беспрекорен комфор, е комплетно креиран за ваше целосно задоволство.
Со целосно новите предни и задни светла, ниската каросерија, прецизно исцртани линии, врати без рамки, нови мотори, нов автоматски менувач со 8 степени на пренос, висок квалитет на кожен ентериер, опција за “night vision” и многу други дополнителни елементи во опремата ги надмина очекувањата на сите присутни.
Новиот 508 GT ќе можете да го погледнете во салонот на Еуроимпекс, на Трета Македонска Бригада врој 72, 1000 Скопје, во деновите од 26ти до 29ти септември, a за тест возење и повеќе информации околу моделот можете директно да се обратите кај одговорниот тим на Еуроимпекс.
Како еден од најновите факти кој вреди да се спомене е дека оваа година компанијата бележи фасцинантни 20.000 продадени Peugeot возила во Македонија на што Генералниот директор на Еуроимпекс Г-динот Кирил Воиновски изјави:
„Toa e бројка од задоволни клиенти на која сме неизмерно горди!
– Број кој укажува на сите факти за успешноста и умеењето на раководење со бизнисот,
– Број кој не става на прво место на листата на импортери во Македонија
– И број кој во иднина секако ќе се потрудиме рапидно да се зголемува!“
На тоа Г-динот Даниел Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс додаде: „Пред 4ри години, Брендот го промени врвното раководство, а со тоа се промени и нашата стратегија.
Во минатата 2017-та година, остваривме извонредни резултати! Брендот постигна нови рекорди и бележиме историска продажба со над 2.000.000 продадени Peugeot возила во светот! Минатата година, продажбата беше фокусирана на SUV сегментот што резултираше со 600.000 продадени Peugeot SUV возила“.
Еуроимпекс е првата автомобилска компанија основана во Македонија во 1990 година а соработката со Peugeot ја развиваат повеќе од 28 години. Во 2014 година го проширија просторот на нивното стопанисување и денес се генерални увозници за Peugeot на пазар кој брои преку 14.000.000 жители и регионално го претставуваат брендот на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.