Новиот патријарх на СПЦ ќе биде востоличен на литургија во Белград

by Fokus

Новиот поглавар на Српската православна црква патријархот Порфириј ќе биде востоличен денеска на молитвена свеченост во Соборната црква Св. Архангел Михаил во Белград.

Литургијата ќе почне во 9 часот и со чинот на востоличување новиот патријарх ги презема сите права и должности штому припаѓаат по каноните и црковниот Устав.

При востоличувањето, новиот патријарх ќе одржи пристапна беседа.

Патријархот Порфириј ќе ги извести за своето востоличување останатите автокефални цркви. Тој го наследува тронот на СПЦ од патријархот Иринеј кој почина од Ковид-19 пред три месеци.

Поврзани новости