НОВИОТ OPEL VIVARO-Е ИНТЕРНАЦИОНАЛНО КОМЕРЦИЈАЛНО ВОЗИЛО ЗА 2021

by fokus
  • Стручно жири: Vivaro-e избран за интернационално комерцијално возило од 24 новинари и издавачи
  • Втор победник во рок од две години: Opel Combo ја освои наградата интернационално комерцијално возило во 2019 година
  • Opel LCV електрификација: „е“ – ознаки на Combo и Movano кои ќе го следат Vivaro-e следната година

Комплетното електрично комерцијално возило од германскиот производител на автомобили беше избрано од стручното жири составено од 24 новинари и издавачи од независни магазини за лесни комерцијални возила.

Достапна во три должини и со многу варијанти на каросеријата, електричната батерија на Vivaro-e им овозможува на професионалците да ја искористат предноста на бескомпромисната подвижност со нула емисија на CO2 до „последниот километар“. Клиентите на Vivaro-е можат да изберат помеѓу две големини на литиум-јонска батерија, во зависност од нивните потреби: од 75 kWh за опсег до 330 km или за оние кои имаат помалку интензивна дневна употреба на своето возило, од 50 kWh за повеќе од 230 km, според WLTP1.

„Ние сме многу горди што новиот Vivaro-e е избран за интернационално комерцијално возило за 2021 година“, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер. „Би сакал да им се заблагодарам на стручното жири на IVOTY за оваа награда која е најпрестижна и најпосакувана, во секторот на лесни комерцијални возила. Vivaro-e поставува нови стандарди во својот сегмент на пазарот и ја води електрификацијата во гамата на лесни комерцијални возила на Opel. Следната година ќе ја додадеме ознаката „е“ на Combo и Movano, кои ќе бидат целосно електрифицирани пред крајот на 2021 година!  Денес, Opel забрзано ја електрифицира целата своја гама , со веќе достапни шест модели како електрични или хибридни. До 2024 година ќе имаме електрифицирани верзии на сите наши патнички и лесни комерцијални возила.„

Базиран на платформата на Групацијата PSA – EMP2, Vivaro-e нуди исклучително широк спектар на системи за помош при возење – како што е признато од жирито на IVOTY. Покрај head-up дисплејот, Vivaro-e има и помош за одржување на лента, проширено препознавање на сообраќајни знаци, предупредување за поспаност, предупредување за можен удар напред и автоматско сопирање во итни случаи.

Opel веќе ја освои наградата Интернационално комерцијално возилo на годината со Astra Van во 1999 година, прва генерација на Vivaro во 2002 година и Combo во 2019 година.

ПР

Поврзани новости