Новиот опасен Тик Ток предизвик ,,Супермен” стигна и кај македонските тинејџери

by fokus

Најновиот Тик Ток тренд популарен ширум светот, наречен „супермен предизвик“ дојде и во Македонија.

Предизвикот се состои од следново, повеќе лица да креваат во воздух друго лице кое има испружена рака како да е Супермен, но играта станува сериозна кога потоа го остават да падне на земја.

Овој тренд најчесто го применуваат младите тинејџери кога сакаат да се забавуваат, а нивната игра ја споделуваат со врсниците на социјалните мрежи.

Се шират првични информации дека од овој „предизвик“ има повредени и во Македонија, а во светот досега повеќе пати интервенирале медицински тимови.

Па така, во Романија во тек на еден ден имало неколку интервенции од итната медицинска помош, а во Израел 19 деца завршиле во болница. Дел од нив се здобиле се скршеници на рацете и нозете, па дури и губење на свеста. Лекарите предупредуваат да се избегнуваат овие ризични игри кои може да бидат животозагрожувачки за децата.

Поврзани новости