Новиот обвинител во случајот „Монструм“ неспремен дојде во судница

by Фокус

На повтореното судење за случајот „Монструм“, што денеска стартуваше во Кривичниот суд, новоназначениот обвинител Наум Пановски очиглледно немал време да се спреми за рочиштата, бидејќи во судница прочита само едно од двете обвиненија за случајот.

Откако Пановски го прочита едното обвинение, реагираше адвокатот Насер Рауфи, кој му предочи на судот дека фали уште вториот обвинителен акт за обвинетиот Самир Љута, бидејќи тој беше уапсен дури година и пол по апсењето на останатите, па токму затоа тогашната обвинителка Гордана Гешковска изработи посебно обвинение.

Како што веќе објавивме, иако на повтореното судење обвинителниот акт го застапува нов обвинител, сепак, тој потенцираше дека останува на првичниот обвинителен акт поднесен од Гешковска.

Наредното рочиште се одложи за 14 март, до кога обвинителот треба да го прибави вториот обвинителен акт.

В.В.

 

Поврзани новости