407
Најновата подваријанта на Омикрон, наречена „Кентаур“, за првпат беше откриена во Индија во мај годинава, и оттогаш се прошири во најмалку 10 држави, меѓу кои и САД, Велика Британија, Германија и Австралија. Официјално е именувана како БА.2.75.
„Сега е идентификувана и во Холандија“, соопшти тамошниот Национален институт за јавно здравје.
„Малку се знае за БА.2.75. Но се чини дека таа полесно ги минува одбраните создадени против Ковид-19 преку мали, специфични промени“.
Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО) Сумја Сваминатан изјави дека нејзината организација активно го следи вирусот, но засега постојат само „ограничени секвенци за анализа“.