Околу 23 илјади членови на СДСМ се пријавиле за учество на внатрепартиските избори за нов лидер закажани на 30-ти јуни, заклучно со рокот за активна регистрација што истече синоќа на полноќ, дознава „Фокус“ од високи партиски извори.
Тоа е драстично помалку во споредба со претходните избори за партиски лидер по пат на непосредно гласање од страна на членството, со оглед дека при изборот на Зоран Заев како единствен кандидат во 2021 година беа регистрирани 68.999 членови.
Откако Заев се повлече по поразот на локалните избори истата година, пак, на новите внатрепартиски избори се регистрираа 51.228 членови, од кои големо мнозинство гласаа за Димитар Ковачевски, додека помал дел за неговите противкандидати Јован Деспотовски и Фросина Ременски.
Оттука произлегува дека на вторите внатрепартиски избори во 2021 година се пријавиле околу 18 илјади членови помалку во споредба со првите истата година, додека ваквиот пад уште повеќе се зголемува за претстојните трети избори, на кои се пријавиле околу 46 илјади членови помалку во однос на првите и околу 28 илјади членови помалку во однос на вторите избори.
Инаку, оваа намалена заинтересираност на членството на СДСМ за изборот на нов партиски лидер доаѓа откако партијата катастрофално загуби на двојните претседателски и парламентарни избори, со историски најслаб резултат од околу 150.000 гласови, а еден дел од членството премина во ЗНАМ на Максим Димитриевски.
И покрај ваквата ситуација, многумина поранешни и сегашни партиски функционери имаа амбиција да влезат во трка за нов партиски лидер, меѓутоа на крај кандидатура поднесоа четворица кандидати – Деспотовски, Венко Филипче, Славјанка Петровска и Александар Бајдевски.
(АНАЛИЗА) СДСМ потона во егзистенцијална криза: Кој „јунак“ ќе ја преземе девастираната партија?
(ИНТЕРВЈУ) Филипче: СДСМ е во критичен момент, но верувам во промени и во обнова!
Славјанка Петровска – поранешна министерка за одбрана која го „напаѓа“ лидерското столче на СДСМ!
(ИНТЕРВЈУ) Деспотовски: Клучно е враќањето на моќта и на одговорноста кон членовите на СДСМ!
Отчетниот Конгрес на СДСМ ќе ги чека внатрепартиските избори за нов лидер
(ИНТЕРВЈУ) Бајдевски: Да ја вратиме препознатливоста на социјалдемократските политики!
Влатко Стојановски