6
Министерството за правда информира дека го завршило изготвувањето на новиот Кривичен законик и истиот е испратен на разгледување до Европската комисија, по што доколку нема забелешки тогаш треба да биде одобрен од Владата и изгласан во Собранието со просто мнозинство.
„Подготовката на новиот Кривичен законик е завршена, тој е преведен на англиски јазик и доставен на разгледување до Европската комисија. Подготвени се и соодветни табели како обврска од Билатералниот скрининг за поглавје 23“, велат од Министерство за правда.
Од таму за Алсат посочуваат дека Кривичниот законик бил доставен до Европската комисија во март, но оттаму го вратиле со одредени препораки.