Новиот координатор на ДУИ смета дека проблемите во Собрание треба да се решаваат кај Џафери

by fokus

Секогаш е време за дијалог и консензус помеѓу политичките партии, партиите треба да се концентрираат на формалните и неформалните средби во Собранието, ДУИ секогаш поддржувал дијалог, без оглед на форматот, изјави пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, Арбр Адеми од Куманово, одговарајќи на новинарски прашања за болкадата на Собранието. Ваков став вчера сподели и собранискиот спикер, Талат Џафери.

– Секогаш е време за дијалог, за консензус помеѓу политичките партии, но останувам на ставот вчерашен, треба уште повеќе, уште поодговорно да се концентрираме на формалните и неформалните координативни состаноци кај претседателот Џафери, бидејќи се работи за парламентарни политички партии, за кочење на работата и функционирање на Собранието и мислам дека Собранието е местото каде што би требало да се елиминираат сите разлики за евтини политички поени од неодговорни парламентарни политички партии. Но, секако, како политичка партија секогаш сме поддржувале дијалог без оглед на форматот и без оглед на тоа кој свикува одредена средба одредена, рече Адеми.

Поврзани новости