702
Новиот Клинични центар ќе се гради во општина Ѓорче Петров, откако одлуката помина на денешната владина седница.
Ова го истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче при промоција на донацијата на прочистувачи на воздух во Гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир.
„Се бодуваа локациите по соодветна методологија и се избра локацијата во Ѓорче Петров, пред сѐ, поради земјиштето, кое е целосно државно, потоа поради цената на чинење, која е пониска и поради полесниот начин на изведба“, рече Филипче.