Новиот клинички центар ќе чини до 480 милиони евра

by fokus

Наместо предвидената сума од околу 120 милиони евра за изградба на нов Клинички центар, средствата потребни за реализација на проектот се искачија на 480 милиони евра.  Министерот за здравство, Венко Филипче, потврдува за „Фокус“ дека ќе има нов финансиски план.

-Физибилити студијата покажува дека ќе бидат потребни од 450 до 480 милиони евра – вели министерот.

Дополнително ќе се бараат начини на кредитирање заедно со Министерството за финансии.

Инаку, Владата донесе одлука новиот Клинични центар да се гради во општина Ѓорче Петров.

-Се бодуваа локациите по соодветна методологија и се избра локацијата во Ѓорче Петров, пред сѐ, поради земјиштето, кое е целосно државно, потоа поради цената на чинење, која е пониска и поради полесниот начин на изведба – рече Филипче.

 

Поврзани новости