Новиот клинички центар ќе биде на пет нивоа и ќе има 20 операциони сали

by fokus

Портпаролот на Владата на Македонија, Миле Бошњаковски, на денешната средба со новинарите информираше за најновите одлуки на Владата од 134 седница.

„Новиот клинички центар ќе биде на пет нивоа. Ќе зафаќа површина од 102 илјади метри квадратни. Во него ќе има 20 операциони сали, 65 амбулантни возила за специјалистичко-консултативна дејност. Сметаме дека со неговата изградба ќе се реши еден децениски проблем на нашата земја. Се работи на барање за изразување интерес за заем. Веруваме дека со изградбата на нов објект ќе ги задржиме лекарите и ќе ги вратиме тие што се заминати од земјава“, истакна Бошњаковски.

Поврзани новости