Новиот градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, кој вчера официјално ја презеде функцијата во првата одлука, нареди сите клучеви од над 50 службени автомобили да бидат вратени во просториите на канцеларијата на градоначалникот, и на Инстаграм објави фотографија со работната маса полна со клучеви.
-Никој веќе нема право да користи службени автомобили за приватни цели, како што беше досега. Над 70 проценти од службените автомобили не беа на паркингот пред градската администрација по работното време. Ќе донесеме одлука сите службени автомобили да бидат обележани, а подготвен е и нов Правилник за употреба на овие возила, истакна Станивуковиќ.
Тој додаде дека има и автомобили во вредност од над 100 000 конвертибилни марки (околу 50 000 евра), кои, како што најави, ќе се продаваат „затоа што има повеќе приоритетни работи за граѓаните на Бања Лука“.
Тој посочи дека расипничкото однесување мора да се запре.