Новиот директор на тетовската болница му се заблагодари на Ахмети за добиената функција

by Fokus

Бљерим Османи е именуван за нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово, откако министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши досегашниот организациски директор Арменд Фазљиу по случувањата со анестезиологот Ваљтон Дервиши вработен во оваа болница кој на социјалната мрежа Тикток објави видео во живо од тетовска Гинекологија.

Османи за неговото именување соопшти на својот Фејсбук профил, и порача дека со работа и посветеност ќе го даде најдоброто од себе.

-На оваа средба во братски дух од Арменд бев информиран за досегашниот тек на работата, функционирањето, обврските и проектите во иднина. Честитав поради покажаната подготвеност и дадениот придонес. Им благодарам на сите кои не поддржаа периодов – семејството, пријателите, колегите, сопартијците. Задачите што ги добиваме од нашиот лидер Али Ахмети се привилегија, но во исто време и одговорност и не обврзуваат да бидеме уште попосветени и достоинствено да ги реализираме!, напиша Османи.

Поврзани новости