Авдуљ-Селам Селами, екс заменик-директорот на УЈП, денеска како нов директор на Бирото за метрологија, институција под надлежност на Министерството за економија, за работа со мерни инструменти за контрола на квалитет, се обрати по повод Светскиот ден на метрологијата.
Селами призна дека мислел оти оваа државна институција ги следи метеоролошките промени и дека ова е наука за времето.
-Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето – рече Селами.
Тој по професија е правник, а негово прво вработување било инспектор во УЈП.
Информациите се дека Селами, инаку кадар на ДУИ, потоа бил заменик директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој, заменик директор на Управа за јавни приходи, бил член на Управен одбор на Универзитетска клиника за неврологија и член на Управен одбор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.