Новиот директор на АНБ: Ја исполнив законската обврска, но не можам да дадам повеќе информации за случајот „Онишченко“!

by Fokus

Новиот директор на АНБ, Зарко Милошевски денеска по завршување на седницата рече дека ги образложил фактите и документите пред Комисијата за овој случај, но дека не може да даде повеќе информации.

-Јас ја исполнив својата законска обврска да реферирам по однос на случајот Онишченко пред Комисијата. Детално ги образложив фактите и докуменитте кои беа презентирани пред Комисијата. Со оглед на тоа што се работеше за сензитивна материја од строго доверлив карактер, не можам да дадам повеќе информации, изјави Милошевски.

Инаку, украинскиот државјанин Онишченко кој се наоѓа на „црната листа“ на САД, доби македонско државјанство. Владата по објавувањето на аферата, ја поништи одлуката за доделување на државјанство.

Покрај случајот Онишченко, денеска на посебна седница членовите на собраниската Комисија беа информирани и за дојавите за бомби во училиштата и во јавните објекти.

Поврзани новости