Румен Радев, новиот бугарски шеф на државата бил страствено вљубен во летањето и сакал да стане пилот, тој е извонреден математичар и многу музикален, сведочи за телевизија Bulgaria ON AIR., неговата класна учителка Стефана Сивова и многу блиска пријателка на неговото семејство.
Ѕвезда, лидер и извонреден математичар, таквa е сликата на Румен Радев преку очите на една од неговите учителки Стефана Сивова која четири години му била класна.
Првата нивна средба е во далечната 1979 година, кога 14-годишниот Румен станува дел од нејзиното одделение.
„Беше роден математичар, им помагаше многу на своите соученици. Меѓу часовите не зборуваше за друго освен за тоа од кој учебник кои задачи се решиле , бидејќи работеа со многу учебници од професори, математичари, академици. Румен Радев беше многу музикален, и сега е таков, свиреше прекрасно на гитара. Беше ја надраснал возраста. Момчињата беа многу бучни, а тој даваше некаква сигурност. Не е конфликтна личност воопшто, многу воспитано момче “, се сеќава Сивова.
Учителката понатаму раскажува дека Радев имал огромна желба да стане пилот.
Летањето му било детски сон на Румен Радев – открива Елена Мелникова – ќерка на руски пилот и блиска до семејството на генералот. Токму со нејзиниот татко идниот генерал водел разговори за авијација уште на 8-годишна возраст.
Румен, уште како ученик во второ или третто одделение веќе ги знаел сите видови авиони, вели Мелникова.
Неговите родители не сакале тој да стане пилот, но во таа негова желба му помогнал неговиот дедо кој тајно му дал пари за посакуваното образование.
Како независен кандидат поддржан од опозицијата тој го освои претседателското место во Бугарија. Има 53 години и е поранешен генерал во воздухопловните сили на Бугарија. На политичката сцена во земјата може да се каже дека е сосема ново лице.
Радев најави подобрување на односите со Русија, но истовремено потенцираше дека не се залага за напуштање на НАТО. Изборниот резултат покажува дека голем дел од граѓаните во Бугарија се разочарани од Европската унија и сметаат дека официјална Москва може да им помогне за економската ситуација и туризмот.